• понеделник, 23 декември 2024

Села позитивен на Ковид-19

Села позитивен на Ковид-19
Скопје, 17 март 2021 (МИА) - Претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села, е позитивен на вирусот Ковид-19. Преку неговиот фејсбук профил Села, ја инфомираше јавноста дека неговата здравствена состојба е добра. -Сакани пријатели. Денеска го направив ПЦР тестот за Ковид-19 и треба да го споделам резултато со вас. Позитивен е. Клинички сум добро, без никакви грижи. Но, здравствените протоколи треба да се почитуваат, затоа треба да се самоизолирам за неколку денови. Почитувајте ги мерките, чувајте се себе и другите, напиша Села, на својот фејсбук профил. оџ/скс/  

Остани поврзан