• среда, 25 декември 2024

Села и Гаши отворени за предлози за Законот за државјанство

Села и Гаши отворени за предлози за Законот за државјанство
Скопје, 12 април 2021 (МИА) - Алијанса за Албаниците и Алтернатива, никогаш не изјавиле дека нивниот предлог за Законот за државјанство треба да се земе или остави, истакна претседателот на АА, Зијадин Села, кој што наведе дека на денешната средба со премиерот Зоран Заев, е дискутирано и за предлогот со три сведоци да се дојде до државјанство. Тој додаде дека тие секогаш биле отворени да се најде решение. - Да, ќе се понуди едно решени кој потворно ќе биде објект на следната средба за да се претвори во текст каде ќе бидат предвидени неколку докази - сведителство, фактура од сметка за струја и др, од кој доволно ќе биде да се исполни еден и по атвоматизам на овие граѓани ќе треба да им се потврди државјанството. Важен е пристапот, рече Села. Африм Гаши од Алтернатива, во однос Законот за државјансво, рече дека клучни се две-три теми. - Една проблематика е тоа дека треба да се утврди оти една голема група на граѓани биле жители тука, но со државјанство на Југославија и во време кога Македонија стана суверена тие не успеале да аплицират (за државјанство). Друга клучна тема е и употребата на јазиците. Сигурно и во ова насока ќе побараме да се почитува Законот за јазици. Имаме две пракси, првото е Законот за јазици и европските стандарди. Врз основа на овие две критериуми ќе треба да изнајдеме решение, изјави Гаши. оџ/фф/

Остани поврзан