„Секој куршум има мета“ - настан за подигнување на свеста за опасностите од употреба на оружје
- Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Општина Липково денеска го организираат настанот „Секој куршум има мета“ во рамки на кам
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Општина Липково денеска го организираат настанот „Секој куршум има мета“ во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје.
Настанот ќе се одржи во спортската сала на основното училиште „Фаик Коница“ во кумановското село Слупчане.
Како што најавуваат од УНДП, ќе се обратат градоначалникот Еркан Арифи, помошник-началникот на СВР Куманово, Севдаиљ Џафери и заменичката на постојаниот претставник на УНДП, Сања Бојаниќ. фф/бак/