• сабота, 06 декември 2025

Секоја сабота „Охридски комуналец“ ќе го собира примарно селектираниот комунален отпад

Секоја сабота „Охридски комуналец“ ќе го собира примарно селектираниот комунален отпад

Охрид, 10 март 2025 (МИА) – Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ од престојниот викенд почнува со активности за собирање примарно селектиран комунален отпад.

Станува збор за утврдена динамика на собирање пластичен и отпад од хартија, и тоа секоја сабота од улиците „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска”, „Железничка”, „Крали Марко” и „8-ми Март”, каде на домаќинствата им беа претходно распределени специјални жолти садови за селектирање пластика и сини садови за селектирање хартија и картонска амбалажа.

Од „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните да ја почитуваат динамиката за подигнување на селектираниот отпад и на тој начин да придонесат во зачувување на животната средина.

Инаку, во декември минатата година „Охридски комунаелц“ почна со дистрибуцијата на 120-литарски садови за депонирање на селектиран отпад при што беа поделени 1200 садови за депонирање отпад од хартија за домаќинства од посочените улици.

„Со започнување на реализација на Календарот за подигнување на селектиран отпад од хартија и пластика за 2025 год, истиот ќе се собира посебно, а потоа ќе се балира и продава од страна на ЈП „Охридски Комуналец”“, посочуваат од претпријатието.

Притоа се укажува дека селекцијата и рециклирањето на отпадот се најдобар начин да се зачува животната средина, се намалува потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето енергија, се намалува загадувањето на воздухот и водата, а од друга страна неговата реупотреба продуцира профит и намалување на количествата на отпад што завршува на депониите. аб/дма/

фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан