Седум ракометари заминуваат од шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер
- Со доделување на свечени подароци, синоќа во Битола, Еурофарм Пелистер се раздели со ракометарите кои на крајот од оваа сезона го напуштаат клубот.

Битола, 29 мај 2023 (МИА) - Со доделување на свечени подароци, синоќа во Битола, Еурофарм Пелистер се раздели со ракометарите кои на крајот од оваа сезона го напуштаат клубот.
Во новото домашно и меѓународно натпреварување, боите на битолчани нема да ги бранат Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски.
Според востановената традиција, јавна благодарност за придонесот во клубот и успех во понатамошната кариера на ракометарите што заминуваат од Битола им посака претседателот на РК Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев. мт/зс/