• петок, 05 декември 2025

Седум екипи во Европскиот куп на ЕХФ од Македонија

Седум екипи во Европскиот куп на ЕХФ од Македонија

Виена, 8.јули 2025 (МИА) - Вкупно седум екипи (четири женски и три машки) ќе ја претставуваат Македонија во сезоната 2025/26 во Европскиот куп на ЕХФ, а вкупниот број на пријавени тимови е 130.

Според рангот од претходните сезони ракометарките на Ѓорче Петров ќе ги стартуваат дуелите од третото коло, додека другите три екипи кај дамите: Металург Автокоманда, Чаир и Куманово првите натпревари ќе ги имаат во второто коло. Тоа значи дека „ѓорчепетровки“ ќе играат во ноември, додека другите три екипи првите дуели на распоред ги имаат крајот на септември и почетокот на октомври.

Кај мажите покрај Охрид и Тиквеш, кои и лани беа дел од ова натпреварување, „вајлд карта“ доби екипата на Бутел. Оваа екипа настап ќе има во првото коло, а термини за одигрување на натпреварите се 6/7.септември и 13/14.септември.

Охрид и Тиквеш ќе стартуваат во втората рунда, а бидејќи се наоѓаат во различни „шешири“ постои можност и за директен дуел. Термини за одигрување на натпреварите се 11/12.октомври и 18/19.октомври.    мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан