• среда, 25 декември 2024

Седница на Совет на Прилеп - усвоени финансиски извештаи на неколку јавни претпријатија за минатата година

Седница на Совет на Прилеп - усвоени финансиски извештаи на неколку јавни претпријатија за минатата година
Прилеп, 15 март 2022 (МИА) - Прилепските советници на денешната седница ги усвоија годишната сметка на буџетот за минатата година, извештајот за извршување на буџетот за четвртиот квартал од 2021 година, како и годишниот извештај и измената на одлуката за извршување на буџетот за тековната 2022 година. Советниците дадоа согласност за тримесечните финансиски извештаи и за годишните сметки за минатата година на јавните претпријатија: „Водовод и канализација“, „Комуналец“ и на претпријатието за урбанизам и планирање како и на измената на годишниот план за вработување за годинава во прилепски водовод. Советниците се согласија со годишните сметки на прилепските детски градинки „Наша иднина“, на домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник“ и на градската библиотека „Борка Талески“. Прилепските советници го усвоија и Извештајот за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност од Прилеп за второто полугодие од ланската година. ем/фф/

Остани поврзан