Седница на собраниската Комисија за политички систем
- Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред се Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2022.

Скопје, 24 април 2023 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред се Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2022.
Пратениците треба да го разгледаат и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, во второ читање. ев/сп/