• среда, 25 декември 2024

Седница на собраниската Комисија за економски прашања

Седница на собраниската Комисија за економски прашања

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.

Како што стпои во образложението на собраниската веб-страна, донесувањето на Предлог на Законот за трговските друштва, има за цел да се регулираат две, мошне
значајни области, за деловните субјекти во Република Северна Македонија, а тоа се:
принудното купување и продавање акции, или т.н. „истискување“ и холдингот, односно концернот, како форми на поврзување на друштвата

Целта на Предлог законот е регулирање на принудното купување и продавање акции или т.н. „истискување“ во Законот за трговските друштва, како мошне значајно прашање за малцинските акционери и за доминантниот акционер кој поседува над 95 проценти од акциите со право на глас, низ воспоставување точно и прецизно пропишана законска процедура како да го остварат „истискувањето“ т.е. своето право на принуден откуп, односно право на продажбата на акциите.

-Законското нормирање на холдингот, односно концернот и уредување на прашањата кои се однесуваат за неговото функционирање, може значително да придонесе за поедноставување и подобрување на примената на постојните законски одредби со кои е регулиран начинот на функционирање на овие форми на поврзување меѓу
трговските друштва, значително подобрување на деловните резултати кај овие субјекти, како и унапредување на нивното работење во земјата, што ќе обезбеди понатамошен економски раст и унапредување на економскиот систем, се предвидува со предлог-законот.

Како што се посочува во образложението, Предлог законот има за цел доследна
примена на политиките за спречување корупција и судирот на интереси, преку обезбедување интегритет и транспарентност при спроведување на постапките за избор и отповикување членови на органот на управување и надзорниот одбор во акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност во сопственост на државата, базирано на систем на вредности и критериуми за квалитет, согласно целите утврдени во Националната Стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021-2025), Акцискиот план и Годишниот извештај за спроведување на Националната Стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021-2025) за периодот 01.01.2021 до 31.12.2021.фф/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан