• сабота, 23 ноември 2024

Седница на Локалниот совет за превенција во општина Илинден

Седница на Локалниот совет за превенција во општина Илинден

Скопје, 18 декември 2023 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ја одржа втората седница на Локалниот Совет за превенција со претставници од надлежни институции, а во рамки на подобрување на јавната безбедност на територија на општина Илинден.

На оваа седница претставникот од МВР кој истовремено е и член на Локалниот совет за превенција, го презентираше извештајот со статистички податоци во однос на безбедноста во општина Илинден во текот на 2023 година. Од страна на градоначалникот и претставници од Општина Илинден беа презентирани превземените активности од Општината за подобрување на безбедноста во сите населени места.

Во рамки на седницата беа усвоени препораки и заклучоци за превземање итни мерки за превентивно делување за зголемување на јавната безбедност. Исто така, од страна на сите присутни беше констатирано дека само со организиран пристап, меѓусебна соработка постојано и превентивно делување на терен, се овозможуваат безбедни услови за живот за сите граѓани на општина Илинден.

Целта на Локалниот совет за превенција е утврдување на заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на Општина Илинден, како градење на доверба и партнерски однос и превенција на појавите што негативно влијаат на јавната безбедност.

 

Општина Илинден

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан