Седница на Законодавно-правната комисија
- Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Законодавно-правната комисија.

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Законодавно-правната комисија.
На дневен ред, како што е објавено на веб страната на Собранието, е Барањето за давање на автентично толкување на член 7 ставови (2), (3) и (4) од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија" број 24/11, 51/11,132/11 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 156/14, 61/15, 154/15, 23/16, 178/16 и 90/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија број 251/22), поднесено од пратениците Халил Снопче, Бојан Стојаноски, Мерита Колчи Коџаџику, Калтрина Беќири, Имрлије Салиу-Фетаи и Беким Ќоку. дма/аа/
Фото:МИА архива