• сабота, 23 ноември 2024

Седницата на Советот на Европа за прием на Косово во членството закажана за 27 март

Седницата на Советот на Европа за прием на Косово во членството закажана за 27 март

Париз, 25 март 2024 (МИА) - Седницата на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која ќе се расправа за апликацијата за членство на Косово, ќе се одржи в среда, на 27 март.

Грчката пратеничка и поранешна министерка за надворешни работи Дора Бакојани пред Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе го претстави својот извештај за барањето на Косово за прием во најстарата паневропска организација Советот на Европа.

Шефицата на постојаната делегација на српскиот парламент во ПССЕ, Билјана Пантиќ-Пиља, на крајот од минатата недела изјави дека известувачот за приемот на Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани препорачала Косово да стане членка на таа политичка организација. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан