• петок, 21 февруари 2025

Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија

Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија

Скопје, 12 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на ФК Вардар, Гоце Седлоски на денешната прес-конференција изјави дека очекува борба за опстанок, но изрази оптимизам и дека тимот може да го врати својот статус во македонскиот фудбал.

- Секој натпревар во втората полусезона за нас ќе биде како финале. Ќе го нападнеме и трофејот во Купот на Македонија. Верувам дека имаме потенцијал, но ни се потребни уште два-три фудбалери за да го комплетираме составот и да бидеме конкурентни. Нашата цел е да го кренеме Вардар на ниво кое му доликува, изјави Седлоски на денешниот брифинг.

По 18 одиграни кола, Вардар се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 13 освоени бодови. дс

Фото: Архива

Остани поврзан