Севиља со пресврт до триумф над Манчестер јунајтед за финале во Лига Европа
- Фудбалерите на Севиља изборија финале во Лига Европа, откако вечерва во Келн го совладаа Манчестер јунајтед со 2:1.

Келн, 16 август 2020 (МИА) – Фудбалерите на Севиља изборија финале во Лига Европа, откако вечерва во Келн го совладаа Манчестер јунајтед со 2:1.
Иако полуфиналниот дуел почна одлично за Јунајтед и водство по само девет минути игра, сепак до крајот шпанскиот тим постигна два гола и се обезбеди меч за трофејот во второто по квалитет клупско континентално натпреварување.
Голот за Манчестер го постигна Бруно Фернандеш од пенал. Изедначи Сусо во 26. минута, а целосен пресврт навести Лук Де Јонг со погодокот во 78. минута.
Противник за Севиља во финалето ќе биде победникот од утрешниот меч во кој се среќаваат Интер и Шахтјор. зс/