• недела, 28 јули 2024

Севилја го победи Индепендиенте дел Вале на пенали и го освои Челинџ купот

Севилја го победи Индепендиенте дел Вале на пенали и го освои Челинџ купот

Севилја, 20 јули 2023 (МИА) – Севилја синоќа на домашен терен го совлада Индепендиенте дел Вале во натпреварот челинџ куп УЕФА-КОНМЕБОЛ. Ова беше дуел на актуелните победници на Лига Европа и Копа Судамерикана.

 

Еквадорскиот тим поведе веќе во 10. минута преку Брајан Дијаз. Шпанскиот тим успеа да изедначи во последните секунди од средбата со голот на Педро Ортиз.

 

Во пенал рулетот играчите на шпанскиот клуб се покажаа попрецизни - 4:1.

 

Во следниот пријателски натпревар, Севиља ќе игра против Ханза (22 јули), додека Индепендиенте дел Вале ќе има натпревар од Копа Либертадорес против Переира (3 август). зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан