• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун надгледуваше тестирање на дронови-камикази

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун надгледуваше тестирање на дронови-камикази

Пјонгјанг, 27 март 2025 (МИА) – Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун надгледуваше тестирање на дронови-камикази со вградена вештачка интелигенција (ВИ) и рече дека контролата на дроновите и способностите за вештачка интелигенција мора да бидат врвни приоритети во развојот на модерното оружје во земјата.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА соопшти дека Ким исто така извршил инспекција на нови напредни извидувачки дронови способни да детектираат различни тактички цели и непријателски активности на копно и на море.

Севернокорејскиот лидер ја истакна важноста од унапредување на заедничката долгорочна национална програма за вооружување за да се задржи Северна Кореја во првите редови на забрзаната конкуренција за развој на воени беспилотни летала (UAV).

Северна Кореја интензивно почна развој на дронови, вклучително и дронови-камикази. Аналитичарите сметаат дека овој проект е резултат на подобрената воена соработка меѓу Северна Кореја и Русија во изминатата година. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан