• понеделник, 23 декември 2024

Северна Македонија, Србија и Албанија ги договорија сите активности на „Отворен Балкан“ до самитот во Тирана

Северна Македонија, Србија и Албанија ги договорија сите активности на „Отворен Балкан“ до самитот во Тирана
Белград, 14 ноември 2021 (МИА) - На состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Ниш, на кој се одржаа низа средби на министри од владите на Северна Македонија, Србија и Албанија, потпишан е Заклучок од работните средби, во кој се дефинирани сите активности што ќе бидат спроведени до самитот во Тирана на крајот на декември, објави на Интстаграм српскиот министерот за финансии Синиша Мали по завршувањето на дводневниот собир. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според Мали, овие активности ќе придонесат за олеснување на трговијата, соработката во областа на безбедноста на храната и фитосанитарната и ветеринарната инспекција. - Меѓу другото, договорено е до крајот на годинава интензивно да се работи на воспоставување систем за електронска размена на сите потребни документи, царински декларации, фитосанитарни и ветеринарни сертификати, како и на подобрување на постоечките системи. Реализацијата на оваа мерка значително ќе придонесе за помало задржување на камионите на границите, информира Мали. Тој додаде дека е договорено да се потпише договор со кој ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на трудот на граѓаните од трите земји, со што тие ќе можат слободно да престојуваат и работат на териториите на Северна Македонија, Србија и Албанија. Според Мали, договорено е и до крајот на годинава граничните служби на трите земји да воведат систем на непрекината работа. - Дополнително, сите три страни до крајот на годината ќе потпишат и валидираат договори за признавање на статусот на овластени економски субјекти, што во голема мера ќе го олесни преминувањето на границата за некои компании и ќе донесе други придобивки, најави срспскиот министер за финансии. Мали додаде дека ќе се формира заедничка работна група која ќе се занимава со усогласување на даночната политика на трите земји од „Отворен Балкан“. Во Ниш претходните два дена се одржа средба на повеќе од 160 претставници на владите, државната администрација, институциите и стопанските комори на Северна Македонија, Србија и Албанија, меѓу кои и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. об/сп/

Остани поврзан