• четврток, 26 декември 2024

Северна Кореја тестираше нов интерконтинентален балистички проектил

Северна Кореја тестираше нов интерконтинентален балистички проектил
Пјонгјанг, 11 март 2022 (МИА) - Северна Кореја тестираше нов интерконтинентален балистички проектил, за време на последните две тестирања на оружје, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана, осудувајќи го таквиот потег. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, при посетата, побара локацијата за лансирање интерконтинентални балистички проектили, да се прошири во „ултрамодерна, напредна“ база, со што Северна Кореја би станала вселенска сила, информираше утрово државниот медиум КЦНА, јави Хина. Минатата недела, Северна Кореја го истрела својот деветти проектил во 2022 година, пркосејќи им на одлуките на Обединетите нации. Резолуцијата на ОН ѝ забранува на Северна Кореја да тестира балистички проектили, од нив, некои можат да носат нуклеарна боева глава. бд/зш/

Остани поврзан