• петок, 21 февруари 2025

Северна Кореја соопшти дека ќе продолжи да ги зајакнува своите нуклеарни сили

Северна Кореја соопшти дека ќе продолжи да ги зајакнува своите нуклеарни сили

Пјонгјанг, 18 февруари 2025 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Пјонгјанг ќе ги зајакне своите нуклеарни сили и ги критикуваше САД што се обидуваат да го спречат тоа, објавија севернокорејските државни медиуми.

Министерството, одговарајќи на неодамнешната заедничка изјава на Јужна Кореја, САД и Јапонија дека нивната цел е Северна Кореја целосно да биде ослободена од нуклеарно оружје, нагласи дека Пјонгјанг „доследно ќе се придржува до новата линија на зајакнување на нуклеарната сила“, објави КЦНА.

Во соопштението се вели дека Јужна Кореја, Јапонија и САД поттикнуваат конфронтации на Корејскиот Полуостров. ссм/

фото: архива

Остани поврзан