• сабота, 23 ноември 2024

Северна Кореја распоредува 250 ракетни фрлачи на јужната граница

Северна Кореја распоредува 250 ракетни фрлачи на јужната граница

Пјонгјанг, 5 август 2024 (МИА) - Северна Кореја распоредила 250 балистички ракетни фрлачи на својата јужна граница, кои лидерот Ким Џонг-ун ги опиша како „моќен заштитен меч“ за одбрана на суверенитетот на земјата, објави државната медиумска агенција КЦНА.

Мобилните ракетни фрлачи беа прикажани вчера за време на специјална церемонија за предавање во главниот град Пјонгјанг, извести официјалната Корејска централна новинска агенција. Ким беше цитиран како вели дека ракетните фрлачи се „современо тактичко напаѓачко оружје“.

Ова е првпат Северна Кореја јавно да го објави обемот на трансфер на оружје кон своите гранични единици. Секој фрлач е дизајниран да носи четири ракети.

Односите меѓу двете Кореи се на најниско ниво во последните години, со Северот кој го зголемува тестирањето на оружје и го бомбардира Југот со балони полни со отпадоци. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан