Северна Кореја истрела ракета со краток дострел
- Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета со краток дострел кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска.

Сеул, 5 ноември 2024 (МИА) – Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета со краток дострел кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска.
Пет дена пред денешното лансирање, Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета.
- Во очекување на нови лансирања, нашите вооружени сили го засилија надзорот, соопшти генералштабот на јужнокорејската војска, додавајќи дека споделува информации со Јапонија и САД.
Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба пред новинарите во Токио потврди лансирање на „неколку балистички ракети“. јт/
Фото: МИА архива