• сабота, 23 ноември 2024

Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети со краток дострел

Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети со краток дострел

Пјонгјанг, 18 септември 2024 (МИА) - Северна Кореја истрела повеќе ракети со краток дострел, пренесува агенцијата Јонхап, повикувајќи се на информации од јужнокорејската армија.

Ракетите прелетале околу 400 километри, објави Заедничката команда на вооружените сили на Јужна Кореја. Овој потег дополнително го зголеми веќе високото ниво на тензии поради неодамнешното откритие на севернокорејскиот објект за збогатување ураниум.

Претходно, јапонското Министерство за одбрана извести дека Северна Кореја истрелала неидентификувана ракета, најверојатно балистичка. Јужнокорејската војска го потврди лансирањето, но без да открие дополнителни детали, изјавувајќи дека сè уште ја анализира ситуацијата.

Јапонската крајбрежна стража извести дека ракетата паднала надвор од ексклузивна економска зона на Јапонија. Подоцна, стражата соопшти и за второ лансирање, кое исто така завршило надвор од економската зона.

Минатата недела Пјонгјанг најави тестирање на нов 600-милиметарски ракетен систем. ссм/

фото: архива

Остани поврзан