• вторник, 26 ноември 2024

СДСМ: Подрумот на ВМРО-ДПМНЕ не знае да спакува ниту лага

СДСМ: Подрумот на ВМРО-ДПМНЕ не знае да спакува ниту лага

2 февруари 2020

Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата Игор Јанушев

Подрумот на ВМРО ДПМНЕ не знае да спакува ниту лага, Заев не бил на тајни средби ниту пак се среќавал со сомнителни бизнисмени

Не се точни пласираните лаги и конструкции на ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалната структура на ВМРО ДПМНЕ на релација Скопје – Будимпешта конструира лажни случаи, измислува лажни договори и непостоечко средби на претседателот на СДСМ.

Подрумот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не знае да спакува ниту лага, Зоран Заев не бил на тајни средби ниту пак се среќавал со сомнителни бизнисмени.

Криминалната матрица на ВМРО ДПМНЕ никогаш нема да се промени и да научи дека помина времето кога политичарите ги користеа меѓународните релации за личен и партиски профит, она што беше карактеристика на режимското владеење, а кое се потврди во многу аудио снимки од незаконското прислушување.

Претседателот Зоран Заев како премиер бил во официјална посета на Малта, во сосема различна година од онаа во измислениот случај од страна на ВМРО-ДПМНЕ и за таа средба јавноста е известена, одговорно и транспаретнтно.

Исто како што јавноста беше известена за средбата во Њујорк со политичките челници на Малта, во интерес на граѓанитеи државата.

Бизнисменот од Либија, што го споменува ВМРО ДПМНЕ нема никаква врска со претседателот Заев, ниту некогаш се сретнал со него, ниту пак е начиј партнер.

Шемата од подрумите на ВМРО ДПМНЕ за ширење лажни вести е очигледна и добро разработана. Откако узурпираа медиуми со корупција станаа и нивни уредници, па прво пуштаат вести во медиумите што ги контролираат, потоа се прават недоветни и истото го повторуваат од партиска говорница. И така вртат во кругот на лаги и измислици.

Подобро е за ВМРО ДПМНЕ да започне да учествува во процесот за градење на правна држава, како на пример да го поддржи Законот за јавно обвинителство, за да може сите одговорни за кривични дела да се соочат со правдата. Истото го очекува и Игор Јанушев кој е дел од случајот „Дизајн“ на СЈО, како учесник во сомнителна набавка на кинеските автобуси на ЈСП. Ако ВМРО ДПМНЕ не ја опструираше правната држава и имаше искрен пристап многу лесно до сега ќе се знаеше кои се криминалци, а кои работат во интерес на граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ е партијата која има неплатени 400.000 евра во претседателската изборна кампања, за ВМРО ДПМНЕ се водат две постапки во судот за нелегално финансирање на партијата, едната со лажните уплатници со донации и другата со криминалната изградба на партиската палата. Целото опстојување на партијата и нејзиното делување почива врз криминал и врз нелегално стекнати пари.

Шлаканицата што ќе ја добијат од народот на 12-ти април ќе биде доказ дека државата не заслужува да ја водат осомничени и обвинети, а сега и конструктори на лаги за јавноста. На 12-ти април ќе победат вистината и правдата.

Центар за комуникации со јавност СДСМ - МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за  нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан