• среда, 27 ноември 2024

СДСМ: Со петтиот пакет економски мерки продолжува грижата за граѓаните и компаниите погодени со кризата

СДСМ: Со петтиот пакет економски мерки продолжува грижата за граѓаните и компаниите погодени со кризата
Скопје, 30 јануари 2021  СДСМ и институциите што ги предводи со навремени и одговорни економски политики им помага на сите граѓани и на сите компании погодени со кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Во финална фаза е петтиот пакет економски мерки за ублажување на последиците од најголемата здравствена и економска криза. Веќе е донесена првата мерка, со која се укинуваат увозните давачки – царинските стапки, на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија. Оваа мерка стапува на сила на 1 февруари, а компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милион евра за 71 одделни суровини. Во новиот пакет економски мерки се разгледува бришење на каматите за долгови кон државните и општинските претпријатија и институции, како и за помош на тутунарите и поддршка за хотелиерите погодени од кризата. Минатата година преку четири пакети економски мерки, 1,2 милијарди евра завршија како помош, кај граѓаните и компаниите. Со овие мерки се спасени стотици илјади работни места и се поддржани десетици илјади компании, за полесно да ја надминат економската криза. Речиси половина милион граѓани добија платежни картички, ваучери за туризам и финансиска поддршка, со цел да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ на граѓаните. СДСМ како одговорна партија се грижи за секој граѓанин, за секоја компанија, а истовремено креира и реализира мерки и политики што обезбедуваат рестарт на економијата и брз економски раст. Центар за комуникации со јавноста – СДСМ  _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан