СДСМ: Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема
- Повеќе од две недели по почетокот на учебната година мнозинство ученици и училишта сѐ уште се без учебници, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
16 септември 2025
Повеќе од две недели по почетокот на учебната година мнозинство ученици и училишта сѐ уште се без учебници, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Денешните изјави на минисерката Јаневска дека недостатокот на учебници ќе го решавале со донации се признание за дебаклот и неспособноста на оваа власт.
На 11 јуни министерката Јаневска изјави дека сите учебници, вклучувајќи ги и оние за странски јазици од прво до деветто одделение, ќе бидат обезбедени до 1 септември.
Помина повеќе од половиа месец, учебници нема.
Со една работа само се пофалија и за таа излажаа.
Цената за неспособноста на власта ја плаќаат учениците и нивните родители.
Учениците не можат да учат, не можат добро да се подготват, се создава хаос со наставата, и сето тоа е дополнителен стрес за сите нив.
Јавноста очекува одговорност за пропустите и сериозен план кој ќе гарантира дека вакви срамни ситуации нема да се повторуваат.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ