• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ: Соочени со пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби

СДСМ: Соочени со пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби
Скопје, 24 август 2021  Соопштение за јавност - реакција на изнесени ставови на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ Хаос се случува само во Белата палата, кај Христијан Мицкоски и неговата десна рака Александар Николоски пред сигурниот пораз на претстојните локални избори, па затоа секојдневно се обидуваат да бараат алиби. Николоски и Мицкоски можеби посакуваат одложување на локалните избори, оти само така ќе се спасат од уште еден, седми во низата порази што ги нанижа ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години. Лажна е грижата на опозицијата за јавното здравје, кога тие предничат во прекршување на мерките и поддржуваат протести на кои се загрозува јавното здравје и се навредуваат здравствените работници. Наместо да повикаат на масовна вакцинација, со која ќе се надмине пандемијата, тие шират страв и паника кај граѓаните. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ, освен неодговорно однесување, деструктивни политики, лажни вести и блокади нема што друго да понуди, затоа ги очекува пораз на изборите низ целата држава. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан