• вторник, 24 декември 2024

СДСМ: Рекордна финансиска поддршка за земјоделците, грижата за аграрот продолжува

СДСМ: Рекордна финансиска поддршка за земјоделците, грижата за аграрот продолжува
Скопје, 22 август 2021 Владата предводена од СДСМ како вистински сојузнук на земјоделците и сточарите е целосно посветена на активни политики за нивна поддршка и поттик. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој само изминатава недела исплати над 617 милиони денари субвенции на фармерите кои имаа обележани грла говеда, кози, како и 182,3 милиони денари на сите фармери кои задржале женско јагне. Со оваа исплате се префрлени и средства за тутунопроизводителите во висина од 11.4 милиони денари. Исплатена е и финансиска поддршка за засеани површини со сертифициран семенски материјал, како и исплата на субвенции за пчеларство. Досега се исплатени 5,5 милијарди денари, а со усвоениот ребаланс до крајот на годинава се очекува рекордна исплата од 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци. Не изостанува ниту грижата за поттик и на младите кои се дел или имаат намера да се вклучат во овој сектор. Апликациите за финансиска поддршка преку мерката „Млад земјоделец“, наменета за регистрирани земјоделци до 40 години, кои може да добијат до 10 илјади евра за инвестиции или отварање на сопствен агро-бизнис се отворени до 29 август. СДСМ како одговорна партија останува посветена на помош и поддршка на секој земјоделец, на секое земјоделско стопанство. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан