• сабота, 21 декември 2024

СДСМ: Починала пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника, бараме истрага и одговорност

СДСМ: Починала пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника, бараме истрага и одговорност

Скопје, 18 август 2024

Откако утрово СДСМ алармираше дека има проблем со приемот на Ковид пациенти на кои што име потребен респиратор на интезивна нега во Инфекстивната клиника, веќе попладнево, за жал, имаме смртен случај. 

Пациентка која од утрово била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната Клиника, а не била примена ниту на Карил по што починала. Ова е скандал за кој мора да има одговорност! Итно мора да излезат директорите на Карил и Инфективна клиника и да одоговорат зошто не е примена пациентката. Каде е министерот Таравари цел ден да интервенира откако уште рано информираше СДСМ за проблемот? 

Бараме истрага и одговорност за смртта на пациентката. СДСМ има точен увид во целиот случај и ќе го изнесе во јавноста доколку министерството и ДСЗИ се обидат да го забошотат. Исто така, бараме министерството веднаш да го реши проблемот со прием на пациенти на интензивна нега во Инфективната клиника. Ова е прв случај, но може многу лесно да имаме нови жртви.

СДСМ Центар за комуникации со јавност

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан