• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: Најавите за блокада на еколошката такса од ВМРО-ДПМНЕ докажуваат дека единственото нешто што знаат да понудат се блокади и деструкции

СДСМ: Најавите за блокада на еколошката такса од ВМРО-ДПМНЕ докажуваат дека единственото нешто што знаат да понудат се блокади и деструкции
Скопје, 28 јуни 2021  Во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема нова понуда, нов концепт на повидок. Провидна лага се наводните нови политики на ВМРО-ДПМНЕ, партија чии деструктивни и расипнички политики 11 години ја изолираа и држеа во заложништво државата и брутално ги понижуваа граѓаните. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет да понудат нов концепт се додека одржуваат тесни врски со луѓето од мрачното минато на државата. ВМРО-ДПМНЕ за време на преодната Влада блокираа поставување на модуларни болници, денес силно се противат на изградба на нов Клинички центар. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се противеа на растот на платите и пензиите. ВМРО-ДПМНЕ се противат над 4.700 наставници и стручни соработници да добијат трајно вработување. Најавата за блокада на еколошката такса е силна потврда дека оваа партија е се уште нереформирана, дека единственото нешто што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат да понудат се блокади и деструкции. Граѓаните го ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и затоа наесен ќе им испорачаат нов пораз на погубните политики на Мицкоски. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан