• четврток, 20 февруари 2025

СДСМ: Мицкоски ја втурна земјата во економска криза, цените повторно пораснаа за над 5 отсто

СДСМ: Мицкоски ја втурна земјата во економска криза, цените повторно пораснаа за над 5 отсто

Скопје, 14 февруари 2025

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека индексот на цените бележи нов раст од 5,2%. Овој алармантен податок уште еднаш потврдува дека земјата се наоѓа во длабока економска криза, предизвикана од неспособноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.


За само осум месеци, граѓаните се доведени до раб на финансиска издржливост. Цените на основните прехранбени производи и услугите растат без контрола, сметките за електрична енергија се зголемуваат, парното е поскапо, а платите стагнираат. Домаќинствата секојдневно се борат со зголемени трошоци, а Владата нема ниту стратегија, ниту план како да се справи со овој хаос.


СДСМ предупредува дека оваа состојба е неодржлива. Потребни се итни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилизирање на економијата. Затоа, уште еднаш повикуваме на усвојување на пакетот мерки кои СДСМ ги предлага и кои можат веднаш да донесат олеснување.


Мерките предвидуваат намалување на ДДВ за електрична енергија и основни прехранбени производи, што ќе ги намали трошоците за домаќинствата и компаниите. Дополнително, замрзнување на цените и маржите на прехранбените производи ќе ја спречи понатамошната инфлација и ќе обезбеди стабилност на пазарот. Истовремено, со спроведување на законот за нефер трговски практики ќе се заштити куповната моќ на граѓаните, а со намалување на цената на „зелениот картон“ ќе се намалат трошоците за сите возачи.


Најважно, СДСМ предлага зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите, што ќе значи подобри приходи за 350.000 граѓани и поголема економска сигурност.


Секој ден одложување е дополнителен товар за граѓаните и нивните семејства. Владата предводена од Мицкоски мора да престане да биде нем набљудувач на економскиот хаос кој го создаде и да преземе конкретни чекори за справување со кризата.


СДСМ останува на страната на граѓаните, подготвен да се бори за решенија кои ќе донесат стабилност, сигурност и подобар живот за сите.


Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан