• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски може веднаш да си даде оставка, потврди дека референдумот е за негова лична внатрепартиска употреба

СДСМ: Мицкоски може веднаш да си даде оставка, потврди дека референдумот е за негова лична внатрепартиска употреба

Скопје, 14 август 2022Христијан Мицкоски да не чека, може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата.Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар, уште еднаш потврди дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето му е само за внатрепартиска и лична употреба.Барањата за референдум, против македонскиот јазик на Мицкоски уследија откако му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, со крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт.Мицкоски работи на штета на државните и националните интереси, не може да се помири што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.

Центар за комуникации на СДСМ

______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан