• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Мицкоски за спас на својата фотелја го загрозува здравјето на своите партиски членови и граѓаните

СДСМ: Мицкоски за спас на својата фотелја го загрозува здравјето на своите партиски членови и граѓаните
Скопје, 9 октомври 2020
За да ја спаси фотелјата во белиот дворец, губитникот Христијан Мицкоски го загрозува здравјето на сопартијците, но и јавното здравје.
Во време кога државата се соочува со есенски бра на коронавирусот, Мицкоски без срам организира собири, лицемерни протести на кои не се почитува мерката за задолжителна дистанца, а мерката за задолжително носење заштитна опрема, масовно се прекршува.
Таквото крајно неодговорно, себично, незрезло и несовесно однесување не е ништо ново од Мицкоски, тој и во време на забрани и вонредна состојба ширеше лажни вести, ги прекршуваше мерките и задолженијата и се обидуваше истите да ги прикрие.
На Мицкоски не му е важно здравјето на граѓаните, воопшто нее загрижен за состојбата со коронавирус, негова единствена цел е да ја зачува фотелјата во белиот дворец по секоја цена иако пред јавноста вети дека ќе даде оставка ако не победи на изборите и не формира влада.
Заради лицемерниот однос, заради дејствувањето против здравјето и интересите на граѓаните, Мицкоски три пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан