• недела, 09 март 2025

СДСМ: Колкави провизии се кријат зад скандалот со шиткање на паркингот на Клинички центар?

СДСМ: Колкави провизии се кријат зад скандалот со шиткање на паркингот на Клинички центар?

Скопје, 7 март 2025

Секој ден извираат нови корупциски скандали во Министерството за здравство, предводено од Арбен Таравари.

Додека здравството тоне, нема лекови, луѓе умираат и се’ се распаѓа, Таравари се занимава со шиткање на бизнисот со паркингот на Клиничкиот центар.

И тоа замислете, на контраверзна фирма „Ѓока Контракшн“ од Албанија која се поврзува и со сериозни скандали во соседната земја.

Според јавно објавените информации, оваа фирма била единстен понудувач на огласот за јавно приватно партнерство кој го распишало Министерството за здравство.

Тоа во старт е крајно сомнително.  Дали дилот веќе бил направен пред да биде објавен огласот?

Каков е договорот што го склучил Таравари преку јавно-приватно партнерство?

Дали паркингот се доделува на оваа фирма на 20 години за само 1% да добива државата од вкупните приходи?

Значи 99% од профитот за компанијата а само 1% од профитот за државата. Погубно.

Зошто државата е оштетена со приход од само 1% од профитот?

И зошто се доделува профитабилен паркинг на странска и воедно приватна компанија а не на некоја државна која веќе управува со паркинзи?

Договорен само 1% профит за државата е крајно сомнително и отвора сомнежи за корупција.

СДСМ бара министерот Таравари да одговори колкав е неговиот личен интерес во ова, изразен во проценти?

Постои ли провизија од оваа сомнителна зделка?

Ги повикуваме надлежните институции и Државната комисија за спречување на корупцијата, да го истражат овој случај до крај.

Бараме власта веднаш јавно да го објави Договорот и сите документи за целата постапка. Народотима право да ја види целата вистината.

Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој е достапен и функционален, а не систем со корупциски афери на ДПМНЕ и ВЛЕН.

Изјава за медиуми на Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото и видео: Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан