• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ бара Трајко Славески да закаже вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух

СДСМ бара Трајко Славески да закаже вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух

Скопје, 10 јануари 2023

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски што поскоро да закаже вонредна седница на Советот, посветена на загадениот воздух.

Состојбата со аерозагадувањето во Скопје е алармантна и бара преземање итни мерки.

Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот и предложи мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух.

СДСМ како одговорна партија бара итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз, воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје, зголемување на средствата за борба против загадувањето од градскиот Буџет, финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје, миење на улиците и јавните површини со цистерни, како и безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Оваа инцијатива, со советнички потписи е поддржана и од советниците од политичките партии ЛДП и ДОМ.

СДСМ ги повикува сите советници, посебно советниците од ВМРО-ДПМНЕ како најбројна советничка група, да дадат поддршка на иницијативата во интерес на сите скопјани.

Непреземањето ништо од страна на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е на штета на граѓаните.

За една година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска не презеде ништо за справување со аерозагадувањето, напротив со неодговорното постапување директно придонесе за зголемување на загадувањето.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали парите за животна средна за дури 44% и предизвика хаос и нефункционалност на јавниот превоз, што дополнително го поттикнува загадувањето.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да тера инает да се приклучи на оваа иницијатива.

Станува збор за најскапото нешто за граѓаните – нивното здравје.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан