СДСМ: Наместо економски мерки - дефокус и платформата на ВМРО во обид за рушење на СДСМ
- Паниката во редовите на ВМРО од паднатиот рејтинг, многуте криминални скандали што ги објавува АКТ и катастрофата во економијата ја извади на површина платформата за рушење на СДСМ, стои во соопштението од СДСМ, што МИА ви го пренесува во целост.
Скопје, 19 март 2026
Паниката во редовите на ВМРО од паднатиот рејтинг, многуте криминални скандали што ги објавува АКТ и катастрофата во економијата ја извади на површина платформата за рушење на СДСМ, стои во соопштението од СДСМ, што МИА ви го пренесува во целост.
Ниедна црна кампања против СДСМ и против претседателот Венко Филипче не им помина, граѓаните го препознаа дефокусот.
Се уверија дека не може да ги скршат АКТ и раководството на СДСМ и ВМРО-ОКГ го употреби својот последен адут.
Осмислија платформа за рушење на СДСМ однатре за создавање некаков ДОС, во кој нема место за СДСМ - најголемата, но и единствеата неконтролирана опозиција во Македонија.
Сè уште не почнале, нема имиња, а веќе се оградуваат од Шилегов, предлагачот на платформата. Како ли ќе останат единствени кога ќе излезат имињата?
Во брифингот објавен во медиумите велат дека ВМРО е силна партија, а опозицијата е распарчена на мали партии.
Со тоа докажуваат дека дополнително сакаат да ја распарчат. Го споменуваат ЗНАМ бидејќи пропадна. ЗНАМ нема повеќе никаква поддршка затоа што граѓаните сфатија дека го покажаа своето продадено лице во тендер-коалицијата.
Кога ќе излезе списокот, на граѓаните ќе им стане јасно кои се тие што, како што велат, „не се борат за фотелји“.
СДСМ е единствената опозиција, единствената неконтролирана партија што се бори власта да се врати во рацете на граѓаните.
Ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат.
СДСМ има нова сила - нова енергија. Единствени зад борбата против криманлната власт на Мицкоски и ВМРО.
Социјалдемократски Сојуз на Македонија