• сабота, 23 ноември 2024

СВР Тетово: Побарано е одложување на планираните активности на општината за отстранување на времени објекти

СВР Тетово: Побарано е одложување на планираните активности на општината за отстранување на времени објекти

Тетово, 25 декември 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово испрати соопштение до јавноста во која велат дека категорично се отфрлаат како невистинити и тенденциозни обвинувањата изнесени од Општина Тетово во некои медиуми дека намерно одбива денес 25 декември и утре 26 декември да и даде асистенција за отстранување на времени објекти во централното градско подрачје. Од полицијата велат дека на средба одржана со претставници на Општина Тетово на 20-ти овој месец подетално објаснето - зошто СВР Тетово не е во можност да им даде асистенции.

- Побарано е од нив планираните активности да бидат одложени за идниот месец. Ова, поради тоа што СВР Тетово со целосниот капацитет со кој располага (човечки и технички ресурси) деновиве е ангажиран во реализација на повеќе активности во сферата на безбедноста во областа на сообраќајот, одржување на јавниот ред и мир и друго, покрај другото, како резултат на значително зголемениот број на луѓе и возила на подрачјето, посебно по доаѓањето на голем број времено вработени од странство. Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска (25 декември), да ја информираме јавноста, им асистираше на општинските служби во тетовското село Гајре, додека во текот на годинава вкупниот број на асистенции поврзани со општински активности во Тетовска општина изнесува 11. Од ова јасно и недвосмислено произлегува дека не е во прашање никаква тенденција, опструкција или што било друго туку, да повториме уште еднаш, моментна презафатеност со бројни професионални обврски од неговиот инхерентен делокруг, се вели во дописот од СВР Тетово.

Во соопштението се вели дека СВР Тетово максимално се придржува на законски детерминарните обврски, додека, како што додава, во членот 7 став 5 од Законот за полиција јасно стои во кои случаи може и да не се даде асистенција. ас/сст/

фото МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан