• вторник, 23 јули 2024

СВР Тетово казни 210 возачи кои немале зимска опрема овие два ипол месеци

СВР Тетово казни 210 возачи кои немале зимска опрема овие два ипол месеци

Тетово, 29 јануари 2024 (МИА) - Повеќе од два месеци од стапувањето во сила на законската обврска за задолжително користење на зимска опрема во сообраќајот, полицијата се уште наоѓа возачи што тоа не го направиле.

Од 15-ти ноември минатата година, до денеска (29 јануари) на поширокото тетовско подрачје биле изречени вкупно 162 мерки, a на гостиварското подрачје 48 мерки. На возачите кои во овој период не ја поседувале пропишаната опрема во патничките или товарните возила изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 45 евра во денарска противвредност.

-Секторот за внатрешни работи Тетово со повторен апел до возачите и пред се до оние кои планираат да патуваат кон Попова Шапка, Стража или Маврово задолжително да ја поседуваат потребната опрема, со што најнепосредно ќе придонесат за сопствената и вкупната безбедност на сообраќајот во регионот. Покрај тоа, им се советува и да ја прилагодат брзината според условите на патот, а тие кои ќе се движат по долината на Радика да внимаваат и на можни одрони од камења, посебно во доцните вечерни и раните утрински часови, кога е можна и појава на голомразица, порачува портпаролот Марјан Јосифоски,

СВР Тетово потсетува дека контролните активности на овој план со несмалено темпо и динамика ќе продолжат до 15-ти март годинава, до кога ќе се применува законската опрема и ќе се санкционираат сите возила и возачи кои нема да се придржуваат на обврската. ас/дма/

 Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан