• четврток, 26 декември 2024

СВР Тетово апелира да се носи зимска опрема за возила иако заврши законската обврска 

СВР Тетово апелира да се носи зимска опрема за возила иако заврши законската обврска 
Тетово, 22 март 2021 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до населението иако заврши законската обврска и понатаму да се носи зимска ппрема за возила поради интензивните вренежи од снег и отежнатите услови за возење особено на патиштата во планинските предели. Интензивните снежни врнежи овие два дена го отежнаа и забавија одвивањето на сообраќајот и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово. - Иако на 15-ти овој месец заврши законската обврската за задолжително носење на зимска опрема, до возачите се апелира да се прилагодат на новите услови на патиштата, посебно ако патуваат кон Попова Шапка, Стража и Маврово.До возачите се апелира, исто така, максимално да внимаваат по долината на Радика, каде и натаму се можни снежни лавини или други одрони на коловозот. Оние возачи кои неподготвени за вакви услови ќе тргнат на пат ќе се исклучуваат од сообраќај доколку го попречуваат движењето на другите учесници, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Од СВР Тетово со потсетување до возачите доследно да ги почитуваат владините мерки и протоколи за спречување на ширењето на Ковид-19. - Ова  се однесува на возилата кои вршат јавен превоз на патници, но и на патничките возила.Зашто, доколку не се придржуваат на мерките без исклучоци ќе се соочат со законски предвидените санкции, потенцира портпаролот Јосифоски. ас/цр

Остани поврзан