• понеделник, 23 декември 2024

СВР Тетово ќе воведе посебен сообраќаен режим околу Лешок за празникот Голема Богородица

СВР Тетово ќе воведе посебен сообраќаен режим околу Лешок за празникот Голема Богородица

Тетово, 25 август 2022 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека се завршени планираните активности за непречено и безбедно одржување на традиционалните свечености по повод православниот христијански празник „Голема Богородица“, кои на 27-ми и 28-ми август ќе се организираат во манастирскиот комплекс во село Лешок.

Од таму известуваат дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим кој ќе започне да се применува на 27-ми август во 16 часот и ќе трае се до завршување на празничните свечености.      

 -Влезот кон манастирскиот комплекс ќе се реализира од пред бензинската пумпа на „Лукоил“ кон селото Лешок, а излезот преку локалните улици кон селото Слатино. Одвивањето на сообраќајот во двете насоки ќе го регулираат полициски службеници на СВР Тетово. Покрај ова, на сите граѓани кои со возила ќе пристигнуваат до  манастирскиот комплекс им се советува исклучиво да ги паркираат на четирите паркиралишта, определени за таа намена  и целосно да ги почитуваат наредбите на полициските службеници кои ќе го насочуваат  движењето на возилата кон манастирскиот комплекс и обратно, порача портпаролот Марјан Јосифоски.

Полицијата со совет до возачите - доколку се исполнат сите места на предвидените паркиралишта, возилата да ги оставаат на десната страна од патот.  ас/дма/

Остани поврзан