• четврток, 26 декември 2024

СВР Куманово казни девет возачи кои не пропуштале пешаци на пешачки премин

СВР Куманово казни девет возачи кои не пропуштале пешаци на пешачки премин
Куманово, 8 април 2022 (МИА) - СВР Куманово санкционираше деветмина возачи кои не пропуштале пешаци на пешачки премин, соопшти денеска полицијата. За пет часа вчера од 07:00 до 12: 00 часот, за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин, констатирани биле девет прекршоци од кои шест на подрачје на Куманово и три во Крива Паланка. - На возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби, соопштија од полицијата. Оттаму апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и до пешаците да ги почитуваат правилата и прописите и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин. - Непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, кажаа од полицијата. Претходниот ден кумановската полиција санкционираше пешаци кои не поминуваат на пешачки премин.ам/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан