• четврток, 07 ноември 2024

Свечља за руската потерница по косовските полицајци: Од Русија не се очекува ништо добро

Свечља за руската потерница по косовските полицајци: Од Русија не се очекува ништо добро

Приштина, 4 март 2024 (МИА) – Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека е официјално информиран за меѓународната потерница издадена од Русија против неколку припадници на косовската полиција, меѓу кои и командантот на специјалната единица, Бесарт Ахмети, но тоа воопшто не го загрижило, јави дописникот на МИА од Приштина.

Свечља за време на денешната меѓународна конференција за кибернетичка безбедност, што по осми пат се одржува во Приштина, изјави дека „од Русија не се очекува ништо добро“, но, како што рече, барањето на Москва упатено до Интерпол не е ниту негова ниту грижа на Ахмети.

- Од Русија не се очекува ништо добро. Бесарт (Ахмети) е добро... Знаеме, ја имаме официјалната информација, но тоа не е моја грижа, ниту на Бесарт, изјави Свечла.

Косовските медиуми во саботата објавија дека Русија издала налог за апсење на тројца припадници на елитните единици на косовската полиција, за кои побарала да влезат во системот за пребарување на меѓунaрoдната полициска организација Интерпол.

Според извештаите, Русија бара косовските полицајци да се уапсат во врска со случајот од 2019 година во северно Косово, кога беше уапсен руски државјанин, за кој властите во Приштина објавија дека е шпиун на Москва инфилтриран во мисијата на ОБСЕ во земјата.

Медиумите напоменуваат дека Русија има рапишано потерници за повеќе од 100 илјади лица низ светот, додека списокот особено се зголемил по инвазијата врз Украина пред две години.иа/сд/

Остани поврзан