• петок, 25 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Свечено промовирање на Програмата за одржлив туризам во Преспа

Свечено промовирање на Програмата за одржлив туризам во Преспа

Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Делегацијата на Европската Унија и Општина Ресен организира свеченото промовирање на Програмата за одржлив туризам во Преспа, како дел од интегралната програма „ЕУ за Преспа“. Настанот ќе се одржи во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен со почеток во 11 часот.

-На настанот ќе се потпише и меморандум за соработка помеѓу УНДП, Општина Ресен и двата национални парка, „Галичица“ и „Пелистер“, од страна на постoјаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации - Армен Григорјан, градоначалникот на Ресен - Јован Тозиевски и директорите на  националните паркови „Галичица“ и „Пелистер“ - Фросина Георгиевска и Иванчо Тошевски, информираат организаторите на настанот.

Како што се нагласува во соопштението, проектот „ЕУ за Преспа - обнова на природните ресурси и унапредување на одржливото земјоделство и туризам“, како дел од интегралната програма „ЕУ за Преспа“, е насочен кон одржливо управување и користење на природните ресурси во преспанскиот регион, со цел подобрување на квалитетот на живот и економски развој преку нови „зелени“ патишта во земјоделството и туризмот. бд/хс/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан