• четврток, 29 август 2024

Свечено отворено 22. Светско фудбалско првенство

Свечено отворено 22. Светско фудбалско првенство
Ал Хор, 20 ноември 2022 (МИА) – Во градот Ал Хор на стадионот „Ал Бејт“ попладнево спектакуларно е отворено 22. фудбалски Мундијал. На Светското првенство Катар 2022 ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Во првиот и единствен денешен натпревар од 17 часот ќе се сретнат, домашната репрезентација на Катар и селекцијата на Еквадор. Состав на групите: А-група: Катар, Еквадор, Сенагал и Холандија. Б-група: Англија, САД, Иран и Велс. Ц-група: Полска, Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија. Д-група: Франција, Данска, Тунис и Австралија. Е-група: Германија, Шпанија, Костарика и Јапонија. Ф-група: Хрватска, Белгија, Канада и Мароко. Г-група: Швајцарија, Србија, Бразил и Камерун. Х-група: Португалија, Уругвај, Гана и Јужна Кореја. Двете првопласирани од секоја група одат во осминафиналето. Мундијалот во Катар е прв во историјата кој ќе се игра во зима. Ќе трае до 18 декември, прв што некогаш се одржал во арапскиот свет и прв во земја со мнозинско муслиманско население, како и второ Светско првенство кое целосно ќе се одржи во Азија. Трофејот од минатиот Светски шампионат одржан во Русија 2018 година, го брани репрезентацијата на Франција. зс/

Остани поврзан