Свечена академија по повод Денот на албанската азбука
- По повод 114-годишнината од Конгресот на Битола, првиот потпретседател на Владата, Артан Груби денеска организира свечена Академија.

Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - По повод 114-годишнината од Конгресот на Битола, првиот потпретседател на Владата, Артан Груби денеска организира свечена Академија.
Како што информираат од кабинетот на Груби, на централната манифестација за Денот на азбуката на албанскиот јазик е предвидено да учествуваат премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери и лидерот на политичката партија ДУИ, Али Ахмети. ки/мд/