• сабота, 23 ноември 2024

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром одбележан во Делчево

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром одбележан во Делчево

Делчево, 21 март 2024 (МИА) - Во Делчево одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.  Настанот беше организиран од страна на менторите и учениците од Општинското основно училиште „Св.Климент Охридски“, а целта како што истакнаа од училиштето беше да им се даде поддршка на соучениците од училиштето.

-Во рамки на настанот самите ученици подготвија презентација преку која можеше да се дознае нешто повеќе за самото значење на датумот и лицата со Даунов синдром. Во рамки на презентацијата посебно им објаснивме на учениците за симболиката е на броевите 21 и 3, бидејки лицата со овој синдром во својата ДНК трипати го имаат дваесет и првиот хромозом, истакнаа од училиштето.

Со цел олеснување на секојдневното функционирање на овие лица, во Делчево грижата за учениците со Даунов синдром им е доделена на образовни асистенти.

-Во рамки на самиот настан беа презентирани и два кратки филма за вклученоста на лицата со Даунов синдром во општеството, а потоа следеше и музичка програма со неколку музички точки предводени од ученичка со Даунов синдром. На крај сите заеднички добија балони со пораки кои беа пуштени во воздухот со цел пораката да стигне до нивните другарчиња, велат од ООУ „Св.Климент Охридски“.

Одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се реализираше под мотото „Сите во ист свет живееме“. вс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан