• среда, 25 декември 2024

Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата

Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Под мотото „Само две мерења на висината годишно, може да го променат животот на вашето дете“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска по деветти пат ќе се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата. -До сега на секој Светски ден зборувавме за дикриминација во лекувањето, едни деца имаат право на лекување, а други со години се на листите за чекање. Оваа година вторпат е обезбеден буџет од страна на ФЗОМ и реализирана набавка во вредност од 61,8 милиони денари и раст од 6 отсто споредено со минатата година. Оваа терпија сега овозможува во просек лекување на 150-160 деца. Ова е голем чекор напред за децата, а сатисфакција на Здружението дека заложбите и макотрпната борба од една деценија финализраа со зголемување на буџетот, информираат од Здружението „Раст“. Според нив, родителите важно е да знаат дека нивните деца сега имаат можност да ја добијат терпијата која е неопходна. -Родители, сега сте вие на потег да му помогнете на Вашето дете, затоа што тоа не знае дека има потреба од помош..., но кога ќе биде доволно големо и зрело да ги согледа последиците со кои се соочува ќе биде предоцна само себе да си помогне.Светското искуство говори дека децата со нарушувањата на растот се соочуваат со сериозен проблем, а тоа е доцната дијагноза и ненавремено лекување. Ненавременото лекување на ова заболување доведува до сериозни последици, кои не се само проблем на детето и семејството туку проблем на целиот систем. Нарушувањето на растот е многу често најраниот симптом кој ни открива многу други заболувања кои стојат во позадина како причина, посочуваат од „Раст“. Од Здружението укажуваат и ги потсетуваат здравствените работници дека санитметрите покрај останатите показатели се нешто што заслужува посебно внимание во текот на нивната работа, независно дали се превентивни прегледи или прегледи поради друга патологија. Потенцираат дека најдобри резултати од лекувањето се постигнуваат кога дијагнозата ќе се постави навремено и кога соодветно ќе се започне со терапија во раните годините од претшколска возраст, континуирано без промена и без ден пауза. Од Здружението „Раст“ потенцираат дека децата со нарушувања на растот треба да се лекуваат, а доколку не се лекуваат тогаш тие како возрасни имаат зголемена појава на срцеви заболувања и заболувања на кардиоваскуларниот систем, мозочни удари, депресија, зголемена телесна тежина со сите последици кои ги носи, итн. мд/лв/  

Остани поврзан