• среда, 27 ноември 2024

Светска премиера на дело од Дарија Андовска во Швајцарија

Светска премиера на дело од Дарија Андовска во Швајцарија
Скопје, 25 февруари 2023 (МИА) - Во концертната сала „Solquin“ во Луцерн, Швајцарија, на завршниот концерт на Академијата за современа музика 2023, вчера светска премиера имаше делото „Songs of winds, roots and scattered storms" од македонската композиторка Дарија Андовска, во изведба на македонска пијанистка Ана Велиновска, за која е напишана оваа композиција и на која и' е посветена.
 
Во рамките на концертот, беа изведени и композиции на едни од најголемите композитори во 20-тиот и 21-виот век, како Salvatore Sciarrino, Toshio Hosokawa, Eliot Carter, Sofia Gubaidulina, Győrgy Kurtág.
 
Ана Велиновска во моментот е на докторски студии во Белгија. Дарија Андовска е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје при УКИМ и на функцијата декан од октомври 2022 година. бт/аа/
 

Остани поврзан