Свети Николе ќе почне со кампања за донирање на крвна плазма
- Светиниколскиот кризен штаб ќе почне кампања за донирање на крвна плазма за пациентите заразени со корона вирусот. По вчерашните седум нови случаи, бројката на активни инфицирани со коронавир
![Свети Николе ќе почне со кампања за донирање на крвна плазма](https://mia.mk/index.php/images/20221104231239_big_730x400_96.webp )
Штип, 23 октомври 2020 (МИА) - Светиниколскиот кризен штаб ќе почне кампања за донирање на крвна плазма за пациентите заразени со корона вирусот. По вчерашните седум нови случаи, бројката на активни инфицирани со коронавирусот изнесува 64.
-Според излагањето на присутните заболени од корона вирусот има и едно двомесечно бебе, седум лица се на болничко лекување.Од МВР не информираа дека на 481 лице им е изречена казна за неносење маска. На седницата се разгледа и се донесе заклучок да се поведе активна кампања за донирање на крвна плазма од излечени лица од КОВИД-19 , која им е потребна во лекување на заболените лица, се вели во соопштението на Општинскиот кризен штаб-Свети Николе.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, како и често миење на раце, држење на дистанца и носење ма заштитни маски. вдј/ац/