• четврток, 05 септември 2024

Света литургија по повод 25 години епископство на монсињор Стојанов и пет години од посетата на папата Фрањо

Света литургија по повод 25 години епископство на монсињор Стојанов и пет години од посетата на папата Фрањо

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - На празникот Света Мајка Тереза, 5 септември, денеска во скопската катедрала „Пресвeто Срце Исусово“ ќе се одржи света литургија по повод 25 години епископство на монсињор Киро Стојанов и пет години од посетата на папата Фрањо во земјава.

Свеченото евхаристиско славење ќе го предводи Врхбосанскиот надбискуп и митрополит монсињор Томо Вукшиќ во сослужение на други епископи и свештеници. мч/аа/

фото: Католичка парохија „Свети Јован Крстител“

 

Остани поврзан