СБ одобри дополнителни 80 милиони американски долари за Албанија за дигитална трансформација на јавниот сектор
- Одборот на извршни директори на Светска банка одобри дополнително финансирање од 80 милиони американски долари за поддршка на амбициозната агенда на Албанија за модернизација и дигитална трансформација на јавниот сектор, подобрување на пристапот до клучните услуги за граѓаните, особено за ранливите групи, објави државната агенција АТА.

Тирана, 11 март 2025 (МИА) - Одборот на извршни директори на Светска банка одобри дополнително финансирање од 80 милиони американски долари за поддршка на амбициозната агенда на Албанија за модернизација и дигитална трансформација на јавниот сектор, подобрување на пристапот до клучните услуги за граѓаните, особено за ранливите групи, објави државната агенција АТА.
Дополнителните финансиски средства доаѓаат како резултат на напредокот на водечкиот проект „Подобрување на еднаков пристап до јавни услуги со високи стандарди преку GovTech“ (65 милиони долари), кој има за цел да го зголеми пристапот и квалитетот на јавните услуги.
Новото одобрено дополнително финансирање ќе ја прошири активноста на програмата во три важни области.
Прво, ремоделирање и дигитализација на услугите на локалната самоуправа, што ќе обезбеди ефикасност во пристапот до широк опсег на општински административни услуги, што ќе донесе придобивки за граѓаните и бизнисите.
Второ, развој на нова дигитална платформа за јавни набавки: Со интегрирање на иновациите засновани на вештачка интелигенција, оваа платформа ќе ја зголеми транспарентноста, ефикасноста и отчетноста во процесите на јавните набавки, со што ќе донесе заштеди и ефикасност во договорите што ги склучуваат владините институции.
Третата област е имплементација на нов систем за управување со јавните финансии: Преку дизајнирање и имплементација на нов дигитален систем за управување со јавните финансии, програмата ќе им помогне на централните и локалните власти побрзо и попрецизно да управуваат со буџетот за јавни инвестиции за локалното население. вт/паг/
Фото: МИА архива